Лавров: Има Албански и Косовски паравоени формации во Донбас
Русија внимателно ги проверува информациите кои сугерираат дека платеници од Косово, како и од Албанија и Босна и Херцеговина се регрутираат за распоредување во Донбас, изјави министерот за надворешни работи Сергеј Лавров во интервју за РТ, пренесува Спутник.
– Германскиот канцелар Олаф Шолц и сите други луѓе од НАТО велат дека НАТО е одбранбен сојуз. Рускиот претседател Владимир Путин на прес-конференцијата по преговорите го потсети Шолц на бомбардирањето на Југославија во 1999 година. Тој рече дека НАТО интервенирал за да спречи геноцид врз косовските Албанци.
– Косово и некои други делови од Западен Балкан стануваат почва за криминал. Има терористи, дилери на дрога. Тие регрутираат платеници за да учествуваат во непријателства во конфликти кои постепено избувнуваат, вклучително и во САД.
Има информации дека се регрутираат платеници во Косово, Албанија и Босна и Херцеговина со цел да се исфрли Русија од рамнотежа и да се испратат меѓу другото во Донбас. Сега повторно го проверуваме тоа – рече Лавров.
Претходно овој месец, објавено беше за присуство на британски и полски платеници кои дејствуваат во близина на линијата на фронтот во источна Украина.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
САД ќе му дадат 1 милијарда долари…
САД планираат да ѝ доделат на Колумбија…
Нов жесток напад врз Киев, најмалку тројца…
Три лица, меѓу кои и едно дете,…
Foreign policy: Блискиот Исток се обидува да…
Пакистан, Саудиска Арабија и Турција потпишаа договор…
Бугарија, Романија и Шпанија потпишаа договор за…
Бугарија, Романија и Шпанија потпишаа трилатерален технички…
Трамп го забрани „породилниот туризам“ во САД…
Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша нови извршни…