Лажна е дојавата за бомби во „Сити Мол“

t

Министерството за внатрешни работи соопшти дека дојавата за бомба во „Сити Мол“ е лажна.

„Денеска (25.04.2026) на електронска адреса на Министерството за внатрешни работи е добиена порака со закана дека во трговскиот центар „City Mall“ во Скопје се поставени експлозивни направи.  Веднаш по добиената пријава преземени се соодветни мерки и активности од страна на полициски службеници во внатрешноста и околу објектот, при што е утврдено дека станува збор за лажна дојава за поставени бомби“, велат од МВР.

Во претходните денови вакви лажни дојави имаше и за трговските центри „Дајмонд“ и „Ист Гејт Мол“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

МВР и ЈО наскоро ќе излезат со…

Министерството за внатрешни работи постапува во насока…

Прострелна рана во ногата имал скопјанецот кој…

Прострелна повреда во пределот на ногата била…

МВР со важен апел до родителите: Препознајте…

Министерството за внатрешни работи упатува апел до…

Голема акција на МВР во Макстил!

Екипи на МВР по наредба за Основното…

МВР повтрди: Лишен е од слобода вработен…

Полициски службеници од Одделот за сузбивање на…