Лажниот ковид-сертификат во дојранското казино чинел 10 евра, а се добивал и чип за коцкање

t

Само 10 евра биле наплаќани ковид-сертификатите со негативен резултат во казиното во Стар Дојран со кој грчките државјани слободно ја поминувале границата. А за тие десет евра се одбивл и чип за коцкање во казиното, изјавил за Канал 5 грчкиот новинар Христос Николаидис кој ја направи видео сторијата.

Николаидис, озвучен и со мала видео камера, го посетил казиното Кинг слот принцес, а документот со негативен тест за вкупно 10 евра, бил издаден од лабораторијата Ели Медика Плус. На влез во казиното оставил лична карта и по 45 минути добил негативен тест, односно сертификат со кој ја минал и границата, а за десетте евра за тестот добил и за да може да се коцка. Што значи тестот го добил бесплатно.

Дека се работи за казино Кинг слот принцес во Стар Дојран и лабораторијата Ели Медика Плус со седиште во Гевгелија потврдуваат и од Државниот санитарен и здравствен инспекторат кој по извршениот надзор во импровизираниот пункт во административниот дел на казиното затекнале тестирања кои ги вршеле три медицински лица во комплетна заштитна опрема. А евиденцијата покажала седум евидентирани тестирани лица.

„По завршување на надзорите ДСЗИ донесе решение за забрана на ДОО King Europe за

– вршење на здравствена дејност спротивно на прописите на Законот за здравствена заштита

– употреба на објект без претходна согласност или одобрение од МЗ

За ПЗУ Ели Медика Плус – решение за забрана за

– вршење на здравствена дејност спротивна на прописите за здравствена заштита

– употреба на објект без претходна согласност од МЗ“, велат од ДСЗИ.

Инспекторатот ѝ забрани на Ели Медика Плус да врши ковид тестирања во дојранските казина, а целата документација ќе му биде доставена на Министерството за здравство. Казиното пак доби забрана за вршење на здравствена дејност и употреба на просторот без претходна согласност од Министерството за здравство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Дојранското езеро пред еколошки колапс: Се…

Од локалниот огранок на "Левица" во Дојран…

Државата лани собрала 215 милиони евра од…

Државите ширум светот организираат лотарии и на…

(Фото) Пожар меѓу Гевгелија и Богданци се…

Од Центарот за управување со кризи јавуваат…