Лажниот ковид-сертификат во дојранското казино чинел 10 евра, а се добивал и чип за коцкање

t

Само 10 евра биле наплаќани ковид-сертификатите со негативен резултат во казиното во Стар Дојран со кој грчките државјани слободно ја поминувале границата. А за тие десет евра се одбивл и чип за коцкање во казиното, изјавил за Канал 5 грчкиот новинар Христос Николаидис кој ја направи видео сторијата.

Николаидис, озвучен и со мала видео камера, го посетил казиното Кинг слот принцес, а документот со негативен тест за вкупно 10 евра, бил издаден од лабораторијата Ели Медика Плус. На влез во казиното оставил лична карта и по 45 минути добил негативен тест, односно сертификат со кој ја минал и границата, а за десетте евра за тестот добил и за да може да се коцка. Што значи тестот го добил бесплатно.

Дека се работи за казино Кинг слот принцес во Стар Дојран и лабораторијата Ели Медика Плус со седиште во Гевгелија потврдуваат и од Државниот санитарен и здравствен инспекторат кој по извршениот надзор во импровизираниот пункт во административниот дел на казиното затекнале тестирања кои ги вршеле три медицински лица во комплетна заштитна опрема. А евиденцијата покажала седум евидентирани тестирани лица.

„По завршување на надзорите ДСЗИ донесе решение за забрана на ДОО King Europe за

– вршење на здравствена дејност спротивно на прописите на Законот за здравствена заштита

– употреба на објект без претходна согласност или одобрение од МЗ

За ПЗУ Ели Медика Плус – решение за забрана за

– вршење на здравствена дејност спротивна на прописите за здравствена заштита

– употреба на објект без претходна согласност од МЗ“, велат од ДСЗИ.

Инспекторатот ѝ забрани на Ели Медика Плус да врши ковид тестирања во дојранските казина, а целата документација ќе му биде доставена на Министерството за здравство. Казиното пак доби забрана за вршење на здравствена дејност и употреба на просторот без претходна согласност од Министерството за здравство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) ПОЛИЦАЕЦ ТЕПА ВРАБОТЕН ВО КАЗИНО И…

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и…

(Видео) Се слушнале петнаесетина експлозии од гранати…

Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, во изјава…

Фотографии од големиот пожар меѓу Богданци и…

Голем пожар на отворено на границата со…

Пожар кај Брдаров Камен: Постои опасност да…

Денес окопу 11.00 часот во месноста викана…

(Видео) “Патриотот” Мицкоски барше да биде избришан…

Христијан Мицкоски барал од сајтот на Инфомакс…