Ласкарци, Беса Транс, модуларната болница во Тетово, животите на Албанците се безвредни за СДС и ДУИ, велат од Левица

t

Животите на Албанците се безвредни за СДС и ДУИ, реагираат од политичката партија Левица, од каде набројуваат низа трагедии во кои починаа голем број на македонски државјани, Албанци.

-Корумпираноста на олигархиската СДС и неказнетото владеење на ДУИ е обединител во трите големи трагедии на изгубени човечки животи: сообраќајната трагедија кај Ласкарци, автобусот на ,,Беса Транс’’ и изгорената модуларна болница во Тетово. Овие две криминогени партии се главен фактор кој влијае на опструкција на правдата и сила која се обидува да ги прикрие сторителите.

Секоја од овие несреќи ни ја открива спрегата помеѓу политичките и бизнис интересите на ДУИ и СДС, чии неодговорни одлуки доведуваат до катастрофални последици и загуба на човечки животи.

Во случајот на автобуската несреќа кај Ласкарци, во која загинаа 16 лица, ДУИ директно се стави во заштита на сторителите. Левица и претходно реагираше дека се пролонгира супер вештачењето, кое треба да го изработи Бирото за судско вештачење, раководено од претседателот на огранокот на ДУИ во Гостивар, ВАЛДЕТ ЏАФЕРИ.

Во случајот на трагедијата со автобусот на ,,Беса Транс”, под политичко влијание на својот коалиционен партнер, министерот за внатрешни работи од СДС, Оливер Спасовски, го одложува потпишување на Решението за забрана на станицата за технички преглед на компанијата ,,ВИА КОМЕРЦ Џемаљ”. Доколку Спасовски го потпишеше Решението за забрана, ќе се спречеше оваа станица да го изврши техничкиот преглед на автобусот непосредно пред тој да се запали на пат во странство.

Последната во низа, трагедијата со модуларната болница, е директно поврзана со компанијата на поранешниот вицепремиер, Кочо Анѓушев! Иако експертите апелираа да се искористат неискористените здравствени капацитети поради безбедносниот ризик на модуларните болници – сепак Владата на Заев одлучи ,,Брако” да ги гради овие импровизирани болници со кредит на Светска Банка од 3,6 милиони евра!

Потсетуваме на нечовечната изјава на Заев, веднаш после трагедијата со модуларната болница, кој изјави дека се работи за времени контејнери по стандарди на летни тераси и не може сега сите да се полиеме со бензин и да се запалиме?!

Криминалното владеење на СДС и ДУИ не само е ризично и директно доведува до опасност по животите на граѓаните, туку и дека секогаш ќе биде пречка за остварувањето на правдата – за што е доказ дека за овие три големи трагедии се’ уште нема кривична одговорност. – велат од Левица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Деспотовски: Оставката на Ковачевски е задоцнет чекор,…

Јован Деспотовски, актуелен директор на ТИРЗ и…

Седница на ИО на СДСМ: Отчетен Конгрес…

На 23 та седница Извршниот одбор на…

(Видео) Нови протести против работата на Бехтел…

Прилепчани и граѓани од цела Македонија десетина…

Касами нема да ја послуша Владата: Продолжува…

Градоначалникот на Тетово и еден од лидерите…

Мицкоски: Може да разговараме со некое ново…

„Не постојат такви црвени подруми. Мислам дека…