Левица: Вработени во општина Брвеница се професионалци за крадење нафта, кој ги штити криминалците градоначалниче?

Вработени во општина Брвеница се професионалци за крадење нафта, а некој ги штити, реагираат по локалниот огранок на Левица во Брвеница.
– Стеван Алампиоски, надворешен советник за финансии на градоначалникот на општина Брвеница Јовица Илиевски, и вработениот во општината Стефан Стојановски го полнат резервоарот на своето приватно возило ,,Голф 5″ со општинска нафта.
Додека радијаторите во училиштата се млаки, училниците ладни, се штеди на нафта, општинарите не спијат, оперираат.
Нафтата е стационирана во ,,Домот” во с. Челопек. Жителите на с.Челопек општина Брвеница често пати се сведоци на вакви кражби и реагираат на социјалните мрежи и до надлежните во општината. Иако локалната власт ги има овие сознанија, сепак молчи за овој и многу други криминали.
Кој ги штити овие криминалци градоначалниче? – прашуваат од Левица.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
8 години молчат по наредба: Прво Левица…
Социјалните мрежи вријат откако Христијан Мицкоски го…
Кираџиева: Се расплакаа и полицајците кои по…
Активистката на Левица, Весна Кираџиева, на Фејсбук…
ИНСПЕКТОРАТОТ КОНСТАТИРАШЕ НЕЗАКОНИТОСТ: Опомена за лекарот кој…
Откако политичката партија Левица алармираше на непочитување…
Левица: Приватизација на “Чебрен” е национално предавство
Приватизација на "Чебрен" е национално предавство, велат…
Цените на нафтата над 90 долари за…
Цените на нафтата на светските берзи растат…