Објавено на:

Лекот бил пет пари: Санчез ги повика Шпанците да не носат вратоврски за да заштедат струја

t

Шпанскиот премиер Педро Санчез денеска ги повика владините службеници и вработените во приватниот сектор во Шпанија да ја намалат потрошувачката на електрична енергија со тоа што нема да носат вратоврски.

Би сакал да забележите дека не носам вратоврска. Тоа значи дека сите можеме да заштедиме струја, рече Санчез на прес-конференција, на која го презентираше извештајот за работата на владата.

Тој ги повика министрите и владините претставници „да не носат вратоврска, ако тоа не е потребно”, но не објасни како со тоа се заштедува струја, но веројатно поради тоа што при топло време во затворен простор лицето се чувствува поудобно без вратоврска и помала е потребата од употреба на клима уредите.

Шпанскиот премиер на конференцијата дојде без вратоврска, во бела кошула и сино палто.

Повеќе од еден месец времето во Шпанија е многу топло. Во некои делови од земјата температурата на воздухот надмина 40 степени, а надлежните апелираа граѓаните да не користат климатизери повеќе од потребното, за да се намалат трошоците за снабдување со електрична енергија.

Минатиот месец Шпанија одобри пакет економска помош во вредност од над девет милијарди евра. Пакетот вклучува и намалување на данокот на трошоците за користење струја и еднократна исплата од 200 евра за лицата со ниски примања.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Екс фудбалер од Србија уапсен во Португалија…

Српскиот фудбалер Урош Милошевиќ (31), во средата,…

Шпанија со црн рекорд: Недостигот на вода…

Шпанија регистрираше близу 4.500 смртни случаи поврзани…

Силна бура зафати дел од Шпанија —…

Поплава и свлечиште предизвикани од поројни дождови…

Шпанија и Мароко распоредуваат дополнителни сили на…

Илјадници шпански и марокански полицајци и војници…

Kриумчари им наплатувале 470 евра на мигранти…

Мрежа од профили на Инстаграм ги убедувала…