Лионел Меси и официјално стана најтрофеен фудбалер во историјата!
Лионел Меси од ноќеска и официјално е најтрофеен фудбалер во историјата, откако неговата Аргентина ноќеска ја совлада Колумбија (1-0) во финалето на Копа Америка.
За магионичарот со топката ова е 45. трофеј во кариерата, со што го надмина Бразилецот Дани Алвеш, кој застана на 44 пехари. Меси со Аргентина го освои Светското првенство во Катар, двапати триумфираше на Копа Америка, а има победи и на Светското првенство за играчи до 20 години, ЛОИ во 2008 година и Купот КОНМЕБОЛ-УЕФА.
На клупски план, во дресот на Барселона „собра“ 36 трофеи и тоа четири Лиги на шампиони на УЕФА, три Суперкупа на УЕФА, три Светски клупски првенства, 10 титули во шпанска Ла Лига, седум трофеи Купот на кралот, осум шпански Суперкупа. Со ПСЖ, пак, освои две титули и Куп на Франција, а со Интер Мајами беше најдобар во МЛС Лига купот.
Со оглед што Меси се уште не е заминат во пензија, тогаш со сигурност може да се каже дека се уште не е дојден крајот на освојување трофеи. Негова цел е Мундијалот во 2026 година (САД, Канада, Мексико) и одбраната на светската круна.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
РУБИО СО ОСТРИ КРИТИКИ КОН ИРАН: Преговорите…
Американскиот државен секретар Марко Рубио упати остри…
АМЕРИКА ГО ПОДГОТВУВА ИЗРАЕЛ ЗА ТРЕТ БРАН…
Американската Централна команда (ЦЕНТКОМ) испратила порака до…
(Видео) ОГРОМЕН ПОЖАР ВО НАЈГОЛЕМОТО ГАСНО НАОЃАЛИШТЕ…
Силен пожар избувна вечерва во гасното наоѓалиште…
ТРАГЕДИЈА ВО ЕГИПЕТ: Седум загинати и над…
Најмалку седум лица загинаа, а повеќе од…
ШПИОНСКИ СКАНДАЛ ЈА ТРЕСЕ „НВИДИА“: Директорот призна…
Извршниот директор на американскиот технолошки гигант „Нвидиа“,…