Лишени од слобода три лица од Гостивар, кај нив биле пронајдени дрога, оружје и муниција
На 13.02.2026 во угостителски објект на ул.„Гоце Делчев“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар ги лишиле од слобода А.Р.(23), З.А.(22) и Н.С.(24), сите од Гостивар. При преглед кај нив, кај А.Р. биле пронајдени осум пакувања со бела прашкаста материја, додека кај З.А. едно пакување со бела прашкаста материја.
Подоцна, со судска наредба, бил извршен претрес во домот на А.Р., при што биле пронајдени и одземени пиштол „берета“ калибар 22мм, пушка карабин „застава“ калибар 8,57, една рамка и вкупно 191 куршуми од различен калибар за кои не поседувал дозвола. По документиеање на случајот против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.



ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Меѓународен успех на МВР: „Безбеден град“ ја…
Министерството за внатрешни работи со проектот „Безбеден…
Јанев за трагедијата во Богданци: МВР реагираше…
Со цел да не се шират шпекулации…
Акција на МВР со ДЕА: Запленети над…
Крим полиција уште еднаш ја потврдува својата…
Полицајци полово вознемирувале и краделе од мигрантка…
Министерството за внатрешни работи информира дека полицајци…
Малолетник натепан од мајка му и сестра…
Гостиварчанка пријавила во полиција физички напад врз…