Објавено на:

Лукашенко: Злосторствата во Буча се дело на Британците

t

Белорускиот претседател Александар Лукашенко заедно со рускиот претседател Владимир Путин го посетија космодромот „Восточни“ истокот на Русија.

Белорускиот претседател по посетата рече дека наводите за воени злосторства во Буча се едноставна психолошка операција спроведена од Британците, пренесуваат агенциите.


Лукашенко тврди дека има информации како и со какви возила Британците дошле во Буча и што правеле.

Претходно Русија тврдеше дека злосторствата во Буча не се случиле и дека снимката со телата на улица е фалсификувана.

Путин истакна дека е потребна посилна интеграција меѓу Белорусија и Русија и дека операцијата во Украина ќе продолжи се додека не се исполнат сите цели. Тој исто така тврди дека обвинувањата за употреба на хемиско оружје во Украина се лажни како и во Сирија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Лукашенко испрати порака до генералниот секретар на…

Белорускиот претседател Александар Лукашенко испрати порака до…

Лукашенко: Веќе се формирани единици од илјадници…

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко изјави дека…

Мизинцев обвини: Украина изврши уште една крвава…

Украинската армија изврши нова крвава провокација во…

Украинската главна обвинителка: Идентификувани се 10 Руси…

После повлекувањето на руските сили од Буча…

Морничаво: Млада девојка силувана, убиена па фрлена…

Телото на дваесет и три годишната Украинка…