Објавено на:

Зеленски и неколку европски лидери од Буча: Руското зло ќе падне!

t

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денеска го посети киевското предградие Буча заедно со лидерите на четири земји од централна и источна Европа, пренесе АФП.

Посетата на украинскиот лидер на овој град заедно со молдавската претседателка Маја Санду, хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, словачкиот премиер Едуард Хегер и словенечкиот премиер Роберт Голоб е по повод годишнината од повлекувањето на руските сили од Буча.

Буча стана симбол на злосторствата за кои Украина и Западот ги обвинуваат руските сили.

Пред странските лидери во Буча, Зеленски вети: „Ќе победиме, тоа е сигурно. Руското зло ќе падне, токму овде во Украина, и нема да може повторно да се исправи“.

„На улиците на Буча светот го виде руското зло, злото во неговата најчиста форма“, додаде Зеленски. Тој нагласи дека Кремљ се обидел да го изнесе ова зло на улиците на другите градови во Украина, Европа и светот, што би можеле да го преземат руските окупатори.

„Тие можеа да го направат тоа да не бевме ние овде, да не беа Украинците“, нагласи тој. Потоа рече дека украинскиот народ ја запрел најголемата античовечка сила на нашето време. „Ти се спротивстави на моќта која презира и сака да уништи се што му дава смисла на човековото постоење.

На 31 март 2022 година, руската армија се повлече од Буча и целата област северно од Киев, еден месец по инвазијата на таа земја по наредба на рускиот претседател Владимир Путин. Два дена по повлекувањето, светот дозна за масакрот во Буча.

На 2 април, новинарите пронајдоа во Буча изгорени остатоци од автомобили, уништени куќи и, пред сè, трупови на дваесетина мажи во цивилна облека, меѓу кои и еден со врзани раце зад грб, расфрлани на неколку стотици метри.

Овие сцени го шокираа целиот свет, а Киев и западните земји упатија остра прекор за самоволните егзекуции на цивили и воените злосторства. Кремљ негираше дека е вмешан и обвинуваше за местенка.

Една година по ослободувањето на Буча, Киев проценува дека повеќе од 1.400 цивили загинале во градот и неговата област за време на руската окупација. Од нив, 637 биле убиени само во градот Буча.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Медведев го подбра Шолц: Германецот лаже и…

Заменик-шефот на рускиот Совет за безбедност Дмитриј…

Зеленски: Не смееме да дозволиме непријателот да…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги повика Украинците…

Русите влегоа во Авдеевка од нов правец,…

Руските трупи влегле во Авдеевка од нов…

Германската буџетска криза нема да пречи на…

И покрај буџетската криза со која се…

Русија-Египет: Признавање на Палестинската држава ќе значи…

Претседателите на Русија и Египет, Владимир Путин…