Објавено на:

Лукашенко: Злосторствата во Буча се дело на Британците

t

Белорускиот претседател Александар Лукашенко заедно со рускиот претседател Владимир Путин го посетија космодромот „Восточни“ истокот на Русија.

Белорускиот претседател по посетата рече дека наводите за воени злосторства во Буча се едноставна психолошка операција спроведена од Британците, пренесуваат агенциите.

Лукашенко тврди дека има информации како и со какви возила Британците дошле во Буча и што правеле.

Претходно Русија тврдеше дека злосторствата во Буча не се случиле и дека снимката со телата на улица е фалсификувана.

Путин истакна дека е потребна посилна интеграција меѓу Белорусија и Русија и дека операцијата во Украина ќе продолжи се додека не се исполнат сите цели. Тој исто така тврди дека обвинувањата за употреба на хемиско оружје во Украина се лажни како и во Сирија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Лукашенко во Русија, со Путин ќе разговараат…

Белорускиот претседател Александар Лукашенко пристигна во Русија,…

Вучиќ : Србија нема да воведе caнкции…

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека…

ХОРОР: Марија, мајката на убиеното дете Александар…

„Нефункционалните институции ми го убија детето. Мојот…

Лукашенко: Западот се подготвува да го пушти…

Белорускиот претседател рече дека Америка стои позади…

Пред и потоа фотографии од Буча: Украинците…

Две фотографии од Буча, предградието на главниот…