Македонија сама не може да се брани, а не да ја брани Украина од Русија, никој во Европа не е наивен или луд да си игра со Русија и да влегува во тој кoнфликт

НАТО знае дека ниту војската на Македонија, ниту на Косово нема капацитет за своја одбрана, а камоли да и се спротивстави на Русија во украинската приказна, па таа понуда е чисто ласкање. Од друга страна, Хрватска реагира рационално, веројатно во консултација со Германија, кога вели дека нејзината армија нема место во тој конфликт.
Ова е мислењето на докторот по политички науки Дејан Вук Станковиќ за понудата од Македонија и Косово која беше испратено во НАТО од нивни службеници, пренесува Спутник
„НАТО нема ни да ги земе предвид косовскиот и македонскиот контингент за да ја бранат Украина, бидејќи и Северна Македонија и Косово не можат сами да се бранат, а камоли да ја бранат Украина. Од друга страна, Хрватите се очигледно реални во однос на опсегот на нивната армија и надворешнополитичките околности кои им кажуваат дека не треба да се мешаат во вакви конфликти“, вели нашиот соговорник.
Станковиќ забележува дека Хрватите знаат дека ништо не зависи од нив во тој конфликт и дека секој државник кој испраќа свои војници на туѓи боишта треба да има добро објаснување за такво нешто.
„Хрватска нема никаква врска со конфликтот во Украина бидејќи таа е мала земја и мора да се грижи за нејзината безбедност и не верувам дека НАТО особено смета на нив, затоа нивната одлука е одмерена и рационална. Македонија и Косово со ова сакаат само да кажат дека се со Америка. Покажаа и бесмислена лојалност кон американските партнери, но и дека не ги разбираат меѓународните односи. Поради оваа постапка, мислам дека и Приштина и Македонија ќе добијат само полош третман и голем минус во очите на официјална Москва“, забележува Станковиќ.
Никој не е луд да си игра со Русија
Според него, многу е можно врз позицијата на Хрватска на некој начин да влијаела Германија, со оглед на нејзиното искуство од Втората светска војна.
„Германците играа со Русија двапати од 1941 до 1945 година и резултатот е познат. Германците, значи, добро паметат и нема да влезат во таква авантура, особено што денес немаат војска што може да ги заштити ниту нивните граници“, забележува Станковиќ.
Како што вели, никој во Европа не е наивен или луд да си игра со Русија и да влезе во тој конфликт, особено што се знае дека ако дојде до конфликт, ниту Америка ниту Британија нема да го жртвуваат својот народ, туку Украинците ќе гинат .
Станковиќ додава дека Хрватска на овој начин не го променила својот политички курс и дека останува лојален сојузник на Америка и НАТО, туку само дека покажала дека има надворешнополитичка зрелост.
За потсетување, хрватскиот претседател Зоран Милановиќ изјави дека Хрватска нема никаква врска со кризата во Украина и нагласи дека во случај на ескалација на руско-украинскиот конфликт ќе се повлече до последниот хрватски војник и дека верува во Украина нема место во НАТО.
Од друга страна, по Приштина, новата омакедонска министерка за одбрана, Славјанка Петровска, денеска изјави дека постои можност армијат, доколку тоа го побара НАТО, македонската армија да се вклучи во евентуален воен конфликт меѓу Украина и Русија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СЕДУМ МАКЕДОНСКИ ДРЖАВЈАНИ СЕ ВО ПОДРАЧЈЕТО НА…
Македонски државјани се сместени во непосредна блинна…
Косово: Убиени тројца напаѓачи, а уапсени се…
Косовската полиција официјално потврди дека тројца од…
(Фото) Познат идентитетот на убиениот Србин на…
Косовската полиција објави дека еден од напаѓачите…
Вучиќ во 20 часот ќе се обрати…
Претседателот на Република Србија вечерва во 20…
Вучиќ најави вонредно обраќање за состојбата во…
Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска ќе и…