Македонската тајна служба се чека да испита над 20 илјади барања за државјанства

Премиерот Димитар Ковачевски уверува дека Агенцијата за национална безбедност (АНБ) работи со многу побрзо темпо како на новите барања за државјанство, така и на одговарање на старите барања за државјанство, околу 20 илјади наследени од поранешната УБК.
Ковачевски денеска потенцира дека ќе го информира и директорот на АНБ да го забрза тој процес, бидејќи, како што рече, граѓаните треба што побрзо да ги добиваат тие услуги.
– Ако во тоа време се проверувале и се одговарало на околу 100 барања во тек на месец, сега тоа е зголемено на над илјади одговори во текот на месецот. Дополнително самите проверки сега се посложени со оглед на тоа што сме полноправна земја членка на НАТО и од таа причина проверките се подолги и опфаќаат критериуми и прашалници што е нешто посложени од тоа што било порано, изјави Ковачевски, по посетата на компанијата „Текстил Солушн“, заедно со министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска .
Одговарајќи на новинарското прашање за барањата за државјанство што чекаат во АНБ, премиерот Ковачевски, меѓу другото потенцира дека ако се зборува за зголемување на продуктивноста на работењето во приватниот сектор, тогаш треба да зборувме и за зголемување на продуктивноста во работењето во јавниот сектор. – Пренесува АЛСАТ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пропаѓањето на американски банки нема да влијае…
Само 6,6 отсто од вкупните обврските на…
(Видео) Израелски историчар од Скопје: Сра*е е…
Несомнено е дека за депортацијата на македонските…
Слаб земјотрес во југоисточниот дел на Македонија
Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје…
Тажно: Најмладиот пациент кој оди на дијализа…
Најмладиот пациент во Македонија што оди на…
Никогаш да не се заборави: Се одбележуваат…
Од денеска до недела ќе се одбележуваат…