Манасиевски: Талогот од СДС и предавникот Филипче не само што не го решавале проблемот со водата во Гостивар, туку никогаш не побарале ниту понеле одговорност
Талогот од СДС и предавникот Филипче не само што не го решавале проблемот со водата во Гостивар, туку никогаш не побарале ниту понеле одговорност. Документите кои ги споделувавме во јавноста од испитувањата, покажуваат дека во времето на СДС и Венко Филипче, биле евидентирани случаи на небезбедна вода за пиење во различни населени места низ државата, како и во Гостивар, вели Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
-Но, денес се поставува едно уште поважно прашање, а тоа е дали некој од тогашната власт побара одговорност? Дали некој директор бил разрешен? Дали некој градоначалник бил повикан на одговорност? Одговорот е не. Додека СДС беше на власт, проблемите се оставаа да се таложат, а граѓаните никогаш не добија отчет што било преземено по сите тие наоди и анализи, рече тој.
Манасиевски посочи дека денес, истите тие луѓе се обидуваат да држат лекции за одговорност.
-Талогот од СДС и предавникот Венко Филипче треба да им одговорат на граѓаните, зошто со години немало институционална одговорност за случаите на небезбедна вода и што конкретно презеле за тие проблеми да бидат отстранети. Граѓаните заслужуваат одговори, а не политичка селективност, рече портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВМРО-ДПМНЕ: На Филипче му смета секој успех…
Филипче денес се најде да зборува за…
ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за…
Демократската унија за интеграција ја поздравува изјавата…
ВМРО-ДПМНЕ: Економијата забрзува со раст од 4,З…
Додека СДС очајува и ликува на неуспех,…
Дали има договор меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ…
„Да, бараме“ - вака потпретседателот на ДУИ,…
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ги нарече граѓаните ИДИОТИ
СДС го проби дното и ги нарече…