Маричиќ денеска ќе учествува на седмиот годишен Форум на макро-регионалната стратегија на ЕУ

Заменик претседателот на Владата ќе биде говорник и на Панел-дискусијата посветена на европска интеграција на Западен Балкан и Зелената агенда.
Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања и Национален ИПА координатор, Бојан Маричиќ денеска ќе учествува на седмиот годишен Форум на макро-регионалната стратегија на ЕУ за јадранскиот и јонскиот регион (ЕУСАИР), што се одржува во албанскиот главен град Тирана.
Вицепремиерот Маричиќ ќе присуствува на заедничкиот состанок на министрите задолжени за европските фондовите и одговорни за ЕУ на членките на ЕУСАИР, на кој ќе ги разменат добрите практики, ќе ја споделат политичката визија и насоката на спроведувањето на проектот.
Заменик претседателот на Владата ќе биде говорник и на Панел-дискусијата посветена на европска интеграција на Западен Балкан и Зелената агенда.
Предвидено е во рамки на Форумот Маричиќ да оствари билатерална средба со италијанскиот заменик министер за надворешни работи и меѓународна соработка Бенедето Дела Ведова.
ЕУСАИР е една од четирите макро-регионални стратегии на ЕУ, која опфаќа десет држави: четири членки на Европската Унија – Хрватска, Грција, Италија, Словенија и шест земји кои не се членки на ЕУ – Северна Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Србија и Сан Марино.
Општата цел на ЕУСАИР е да промовира економски и социјален просперитет и раст во регионот, преку подобрување на неговата атрактивност, конкурентност и поврзаност. Стратегијата, исто така, има за цел да придонесе за понатамошна интеграција на Западен Балкан во ЕУ.
На годинешниот 7-ми Форум Албанија претседателството со ЕУСАИР ќе и го предаде на Босна и Херцеговина.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВОНРЕДНА ВЕСТ: ПАДНА ВЛАДАТА НА КИРИЛ ПЕТКОВ
Владата на Кирил Петков падна по гласањето…
Маричиќ: Договорот од Преспа на дело, со…
Заменик претседателот на Владата задолжен за европски…
Владата се фали: Цените на основните производи…
Според Владата, одлуката за замрзнување на маржата…
Владата “ги клоцна” Украинците што се жалеа…
Со почетокот на воената офанзива врз Украина…
Спуницата продолжува: Бугарските социјалисти ќе останат во…
Бугарската социјалистичка партија одлучи да остане во…