Маричиќ: Франција покажува интерес за Западниот Балкан, тоа нам ни е доволно да веруваме дека можеме што поскоро да имаме успех

Заедно со бугарската влада пристапуваме искрено со желба што побрзо да се најде решение за отворените прашања, но да воведеме и нови теми нови можности за комуникација на нашите односи, кажа вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ во емисијата „360 степени“.
Маричиќ, кој беше заедно со шефот на дипломатијата Бујар Османи во посета на Париз, вели дека не би сакал да оперира со датуми за тоа кога точно би можел да се откочи процесот. Сепак, смета дека францускиот претседател, Емануел Макрон, и целиот негов тим можат многу да помогнат доколку како француско претседателство го поддржат процесот.
Прашан за коментар на неодамнешната изјава на францускиот министер за надворешни работи дека неговата земја би сакала првите меѓувладини конференции со Македонија и со Албанија да се случат до јуни, но дека ако тоа не се случи, тогаш барем за време на следното претседателство на Чешка, Маричиќ одговори:
„Ако мене ме прашувате, требаше уште во германското претседателство тоа да се случи, така што, ние работиме на тоа да се случи што побрзо. Реков дека не се фокусираме на временски рок, се фокусираме на суштината на проблемите. Добро е и француската методологија која ја освои Европската Унија за преговорите да профункционира конечно, тоа и Франција го гледа како своја шанса. Ќе има во јуни Самит за Западниот Балкан што ќе даде и посебен осврт на темите млади, безбедност и животна средина. Значи, Франција покажува интерес за Западниот Балкан, тоа нам ни е доволно да веруваме дека можеме што поскоро да имаме успех.“
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Иван Нисов се огласи од Полска: Состојбата…
Еден од повредените во страшниот пожар што…
Се врати во Македонија првиот од 115…
Попладнево во земјава пристигна првиот пациент кој…
ДУИ: Фактот дека од 35-те приведени лица,…
Демократската унија за интеграција изразува најискрено сочувство…
„Мајкино око душата ми е распарчена“: Млада…
Трагедијата која го погоди Кочани и целата…
Факултетско студентско собрание на Филозофскиот факултет при…
Независно Студентско Собрание при УКИМ соопшти дека…