Масовна тепачка меѓу Македонци и Албанци во Италија

t

Италијанските медиуми известуваат дека пред два дена избила масовна тепачка во бар надвор од областа Сан Систо, во близина на градот Перуџа, меѓу две групи иселеници од Македонија и Алабанија.

Истрагата открива дека до крвавиот инцидент не дошло поради банална причина – фотографија направена со мобилен телефон. Вербалниот конфликт во барот ескалирал за неколку минути, по што групите излегле на улица и користеле маси, столици и дрвени палки. Во тепачката учествувале и неколку романски државјани.

Според тамошните извештаи, италијанската полиција уапсила 11 лица на возраст меѓу 19 и 31 година, од кои пет имале криминални досиеја.

Инцидентот добил уште подраматичен пресврт кога двајца од учесниците, во обид да побегнат со автомобил, со голема брзина удриле 27-годишен македонски државјанин. Лицето е згрижено во болница и не е во критична здравствена состојба.

Сите приведени се префрлени во затворот „Капане“ во Перуџа и ќе се соочат со обвиненија за тешко насилство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Масовна тепачка меѓу Македонци и Албанци во…

Италијанските медиуми известуваат дека пред два дена…

Уапсени речиси 400 луѓе и запленети 1,4…

Италијанската полиција денеска објави дека уапсила 384…

Италија: Постои можност за воведување доброволна воена…

Италијанскиот министер за одбрана Гвидо Кросето денес…

Генерален штрајк во Италија: се бараат подобри…

Железничките и воздушните компании ги предупредија патниците…

Профили на „Икс“ што ја промовираат каузата…

Профили што ја промовираат каузата на Доналд…