Италија: Постои можност за воведување доброволна воена служба

t

Италијанскиот министер за одбрана Гвидо Кросето денес изјави дека постои можност за воведување на доброволна воена служба во Италија.

Тој рече дека има намера да поднесе соодветен закон до владата на дискусија, а потоа и до парламентот, пренесува италијанската новинска агенција АНСА.

„Доколку парламентот донесе таква одлука, тогаш да. Планирам прво да презентирам верзија од законот за дискусија до Советот на министри, а потоа и до парламентот… што ќе ја обезбеди одбранбената способност на земјата во наредните години и ќе се однесува не само на бројот на војници, туку и на нивната организација и прописи“, изјави Кросето за телевизијата РАИ3, одговарајќи на новинарско прашање за можноста за воведување на воена служба во земјата, по примерот на Франција и Германија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Протестите во Италија ескалираа – владата…

Италијанската влада ќе испрати 500 армиски војници…

(Видео) Насилни протести во Италија: полицијата употреби…

Италијанската полиција употреби солзавец против демонстрантите во…

Илјадници млади на улиците во Италија и…

Илјадници студенти и средношколци излегоа на улиците…

Хаос во Италија поради одлуката на синџир…

Одлуката на енергетскиот гигант Ени предизвика голема…

Мелони забранува носење на бурки и никаби…

Италија се подготвува да го забрани покривањето…