МВР: Од 15 ноември до 15 март задолжително е поседувањето на зимска опрема во возилата
Од 15 ноември почна законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата кои учествуваат во јавниот сообраќај. Обврската ќе важи до 15 март, потсетуваат во денешното соопштение од Министерството за внатрешни работи.
Согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, сите возачи треба да обезбедат соодветна зимска опрема, во зависност од категоријата и техничките карактеристики на возилото.
За патничките возила со тежина до 3.500 килограми, зимската опрема подразбира: зимски пневматици на сите четири тркала со минимална длабочина на шарата од 4 милиметри, летни пневматици на сите четири тркала со минимална длабочина на шарата од 4 милиметри, со задолжително поседување синџири за снег со соодветна големина за погонските тркала.
Кај возилата со погон на четири тркала (4×4), зимските пневматици треба да имаат минимална длабочина на шарата од 6 милиметри, додека кај летните пневматици минималната длабочина е 4 милиметри, со задолжително поседување синџири за снег.
За возилата со тежина над 3.500 килограми, задолжителни се зимски пневматици на погонските тркала со минимална длабочина на шарата од 6 милиметри. Дозволена е и употреба на летни пневматици со минимална длабочина од 4 милиметри, доколку возилото поседува соодветни синџири за снег.
Автобусите и товарните возила кои поради технички причини не можат да постават синџири за снег на погонските тркала, мора да имаат зимски пневматици на погонските тркала и прирачен алат – лопата.
Од МВР појаснуваат дека како зимски пневматици се сметаат оние кои на бочната страна ги имаат ознаките „MS“, „M+S“, „M&S“, како и симболот на снегулка на стилизирана планина со три врва.
Истовремено, забрането е користење пневматици со клинци во патниот сообраќај.
Од Министерството апелираат до сите возачи навреме да ја обезбедат пропишаната зимска опрема и да ја почитуваат законската обврска, со цел поголема безбедност и непречено одвивање на сообраќајот во зимски услови.
МИА
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
МВР: Од 15 ноември до 15 март…
Од 15 ноември почна законската обврска за…
Бајден за потегот што го загрижи Кремљ:…
Поранешниот американски претседател во книгата „Ветувај ми,…
Тежок удар врз Кримскиот мост: Аналитичар проценува…
Автомобилскиот дел од Кримскиот мост би можел…
Горивата поевтинија, дизелот се продава за 92…
Од денеска, 17 ноември, важат пониски максимални…
Ова е иранецот кој ги координирал терористите!…
Петмина македонски државјани се уапсени во Македонија…