Мерц од Црна Гора: Западен Балкан не смее да стане полигон за големите сили

t

Берлинскиот процес ја докажа својата вредност со приближувањето на Западен Балкан кон Европската Унија и зајакнувањето на регионалната соработка, порачаа германскиот канцелар Фридрих Мерц и австрискиот канцелар Кристијан Штокер на самитот одржан во четвртокот во Милочер, во близина на Будва, Црна Гора.

Црна Гора со самитот на лидерите го заврши годинешното претседавање со Берлинскиот процес. На средбата учествуваа претставници на шесте земји од Западен Балкан и нивните европски партнери.

Берлинскиот процес беше започнат во 2014 година на иницијатива на Германија, како меѓувладина платформа за забрзување на европската интеграција на Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово, Северна Македонија и Србија, како и за зајакнување на соработката во регионот.

На прес-конференцијата по самитот, Мерц ја поддржа интеграцијата на земјите од Западен Балкан во ЕУ, оценувајќи ја како „геополитички императив“. Истовремено, нагласи дека земјите од регионот мора да покажат политичка волја за спроведување реформи.

-Храбрите реформи, особено оние што се однесуваат на владеењето на правото, се задолжителен предуслов за каков било напредок – рече Мерц.

Тој предупреди дека Западен Балкан не смее да стане простор во кој големите сили ќе се натпреваруваат за влијание, туку треба да продолжи по патот кон Европската Унија.

-Денес тоа е геополитички императив. Западен Балкан не смее да стане место каде што големите сили се натпреваруваат за влијание. Во наш заеднички интерес е патот на земјите од регионот неповратно да води кон Европската Унија – изјави германскиот канцелар.

Како дополнителен аргумент за итноста на процесот ја посочи руската агресија врз Украина.

-Земјите од Западен Балкан ѝ припаѓаат на Европа, и географски и политички. Долго време тоа беше тема само за свечени говори, но во последните месеци конечно постигнавме конкретен напредок – додаде тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Србија ослободува 5000 тони дизел од државните…

Србија ќе ослободи околу 5000 тони дизел…

Судир меѓу полиција и демонстранти на протест…

Протест пред албанскиот Парламент, придружен со судир…

Ужас во Тузла: 15-годишна ученичка со нож…

Во основно училиште во Тузла, утрово 15-годишно…

Ел Нињо се враќа: Македонија и регионот…

Ел Нињо се буди во Пацификот и…

Кристофер Хил: Европа го сака Балканот, не…

Поранешниот американски амбасадор Кристопфер Хил, кој денеска…