Милијардерот Ахметов, сопственик на „Азовстал“, ќе ја тужи Русија и ќе бара оштета од 20 милијарди долари
Најбогатиот човек во Украина, Ринат Ахметов, има намера да ја тужи Русија за загуба од 17 до 20 милијарди долари, откако неговата фабрика за челик „Азовстал“ во Мариупол беше сериозно оштетена.
Дефинитивно ќе ја тужиме Русија и ќе бараме соодветна компензација за сите загуби и изгубени работни места, изјави Ахметов за украинскиот портал mrpl.city.
Како последна градска тврдина во која украинските војници пружаа отпор на руските сили, фабриката за челик „Азовстал“ со недели беше под жесток напад, за на крај борците да се предадат, а цивилите да бидат евакуирани.
Железарницата „Илич“, од холдингот SCM на Ахметов, исто така претрпе штета поради руската агресија, изјави тој за mrpl.city.
Богатството на Ахмет се проценува на 6,93 милијарди долари, според индексот на милијардери на Блумберг, но оваа година тоа е намалено за 40 отсто поради војната во Украина.
Кога започнаа борбите на 24 февруари, неговата компанија „Метинвест“, најголемиот производител на челик во земјата, објави дека нема да може да ги исполни своите договорни обврски.
Во април „Метинвест“ објави дека планира да продолжи со производство по завршувањето на војната, но дека „никогаш нема да работи под руска окупација“.
Русија минатиот петок соопшти дека имаат целосна контрола над Мариупол.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ужасен напад врз автобус во Украина: девет…
Девет луѓе беа убиени во украински напад…
Трамп сака конфликтот во Украина да заврши…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД…
Зеленски: Велика Британија и Франција го деблокираа…
Украинскиот Претседателот Володимир Зеленски денес изјави дека…
Барнам од Киев: Украина е првата линија…
Британскиот премиер Енди Барнам вети континуирана поддршка…
Полска ја обвини Украина за „шовинизам“ поради…
Полска ја предупреди Украина за последиците од…