Милошоски бара помош од Шпанија за излез од европскиот ќор-сокак

t

Претседателот на собраниската Комисија за европски прашања и потпретседател на Собранието, Антонио Милошоски, денеска побара поддршка од Шпанија за надминување на застојот во евроинтегративниот процес и изнаоѓање решение што ќе биде прифатливо и за Скопје и за Софија.

Барањето било упатено на средбата со државниот секретар за Европската Унија на Шпанија, Фернандо Сампедро Маркос.

Според собраниската прес-служба, Милошоски оценил дека постои поволен момент за проширување на Европската Унија, особено по отворањето на преговарачките поглавја со Украина и Молдавија.

Тој истакнал дека од Шпанија, како влијателна земја членка на ЕУ, се очекува поддршка во надминувањето на билатералниот спор со Бугарија преку изнаоѓање решение од заемна корист за двете страни.

„Треба да се искористи актуелниот моментум за напредок во процесот на проширување, паралелно со Украина и Молдавија, преку отворање на преговарачките процеси. Проширувањето ќе биде вин-вин ситуација во насока на обединета Европа“, посочил Милошоски.

Од своја страна, шпанскиот државен секретар ја повторил поддршката на Мадрид за полноправно членство на Северна Македонија во Европската Унија, нагласувајќи дека пристапниот процес треба да се темели на заслуги, исполнување на критериумите и почитување на европските вредности.

Според соопштението, меѓу тие обврски се и уставните измени. Не е наведено дали Сампедро Маркос го поддржал барањето на Милошоски за посредување во спорот со Бугарија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Милошоски бара помош од Шпанија за излез…

Претседателот на собраниската Комисија за европски прашања…

Шпанија од пожарите изгуби 20.000 хектари за…

Пожарите во близина на Мадрид и во…

360 степени: (Не)скриени актери во Македонија потпалуваат…

Повеќе интернет-портали и фејсбук-страници на македонски јазик…

Сиљановска: Убедени сме дека Македонија има многу…

Билатералните односи меѓу Македонија и Индија да…

Шпанија преку Франција до финале на СП…

Црвената фурија и триколорите влегоа со една…