Шпанија преку Франција до финале на СП во фудбал
Црвената фурија и триколорите влегоа со една цел, за пласман и место во финалето на СП.
Во 22. минута од полуфиналниот натпревар од Светското првенство помеѓу Шпанија и Франција, шпанскиот напаѓач Микел Ојарзабал ја затресе мрежата на Мајк Мањан и ја доведе шпанската репрезентација во водство.
Погодокот беше постигнат од пенал, откако Лукас Дињ направи прекршок над Јамал, по што судијата досуди на белата точка.
Французите беа непрепознатлив и со играта, наспроти Шпанија која беше решена да не дозволи израмнување и одеше на варијанта за втор гол.
Шпанците беа затворени и немаше потег што мозеше да ја разбие нивната одбрана.
Дембеле преку многубројните грешки не успеваше со Мбапе да го загрози сериозно голот на Шпанија. Франција.
Франција продолжи со иста игра како и во првото полувреме и во 58та минута дојде казната.
Шпанија ја казни француската дезориентација кога во 58. минута, Педро Поро одигра акција со Дани Олмо, излезе сам пред Мањан и прецизно погоди за 2-0.
Резултатот како да ги обесхрабри французите. Шпанија не застана, продолжи уште погресивно и само офсајд ги спаси французите да биде поништен третиот гол.
Французите како да се освестија и Мбапе имаше зрела шанса да го намали резултатот преку брза акција.
Со крајот Шпанија имаше целосна контрола на теренот и заслужено се пласираше во финалето на СП.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Шпанија преку Франција до финале на СП…
Црвената фурија и триколорите влегоа со една…
Нема веќе граница меѓу Шпанија и Гибралтар
Европска унија и Велика Британија денеска во…
Сали на покана на Макрон во Елисејската…
Првиот заменик-претседател на Владата и министер за…
(Видео) Снимка од дрон го покажува пустошот…
Снимките од дрон ја покажуваат пустошот што…
Франција привремено затвори нуклеарни реактори поради екстремниот…
Француската државна енергетска компанија EDF привремено затвори…