Министерство за економија: Нема потреба од интервентни мерки за цените

t

Во моментов, официјалните показатели не упатуваат на потреба од воведување нови интервентни мерки, бидејќи ценовните движења се стабилни, а кај најзначајната категорија – храната – веќе втор месец по ред се бележи намалување на цените, соопшти Министерството за економија откако Државниот завод за статистика ги објави податоците за јулската инфлација.

„Сепак, Владата останува целосно посветена на заштитата на животниот стандард на граѓаните. Доколку се појават нови неоправдани ценовни шокови или нарушувања на пазарот, ќе реагираме навремено и ќе ги искористиме сите механизми што ни стојат на располагање за обезбедување фер пазарни услови и заштита на потрошувачите“, велат од Министерството за економија.

Најновите податоци на Државниот завод за статистика покажуваат дека во јули 2026 година инфлацијата на месечно ниво изнесува 0,1 проценти, што потврдува дека ценовните движења остануваат стабилни, без значителни шокови на пазарот.

Особено е значајно што и во текот на јули продолжува трендот на намалување на цените на храната и безалкохолните пијалаци, кои се пониски за 1,1 процент во однос на претходниот месец, потенцираат од Министерството.

„ Ова е втора последователна месечна корекција кај оваа категорија и претставува позитивен сигнал, имајќи предвид дека токму храната има најголемо влијание врз семејниот буџет и животниот стандард на граѓаните“, пишува во соопштението од Министерството.

„Зголемувањето на трошоците на животот во јули главно произлегува од сезонски движења, пред сè кај транспортот, каде е регистриран раст од 4,4 проценти, како и кај рекреацијата, спортот и културата, кои традиционално бележат повисока потрошувачка во летниот период“, појаснуваат од Министерството за економија.

На годишно ниво, инфлацијата изнесува 2,3 проценти, додека цените на мало се повисоки за 1,8 проценти во однос на јули минатата година.

„Тоа претставува значително поумерено ниво на инфлација во споредба со периодите кога државата се соочуваше со силни ценовни притисоци предизвикани од глобалната енергетска и ценовна криза“, оценува Министерството.

Министерството за економија и труд соопштува дека и понатаму внимателно ги следи движењата на цените преку официјалните статистички податоци, но и преку анализите на набавните и продажните цени и бруто-профитните маржи.

„Паралелно, Државниот пазарен инспекторат продолжува со редовни и засилени инспекциски контроли за да се спречат евентуални злоупотреби и неоправдани поскапувања“, тврдат од Министерството.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Просечната нето-плата во јули достигна 48.499 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во…

Мицкоски: Очекуваме раст на БДП меѓу 3,5…

Очекуваме годината да ја завршиме со раст…

БДП пораснал за 4,3% во второто тримесечје…

Државниот завод за статистика (ДЗC) објави дека…

Мицкоски: Растот на индустриското производство од 3,4…

Растот на индустриското производство во вториот квартал…

Зиков: ДОЗВОЛЕТЕ ДАТА ЦЕНТРИ, не се живее…

*Објава на Фејсбук на Љупчо Зиков Во…