Мицкоски: Во Македонија има над 1.200 активни градилишта
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска во Дебар присуствуваше на пуштањето во употреба на новиот станбен објект и доделувањето на клучеви за социјалните станови на семејства од ранливите категории.
Мицкоски истакна дека за него претставува посебна чест што има можност симболично со доделувањето на клучевите на едно семејство да го означи почетокот на користењето на новиот станбен објект.
-Им посакувам многу среќа, здравје и што подолговечно да ги користат овие домови. Нека им бидат мир, спокој и утеха тогаш кога им е најпотребно, порача премиерот.
Тој нагласи дека Владата ќе продолжи и во периодот што следи со реализација на проекти за граѓаните и дополнителни инвестиции во социјалното домување.
-Ние како Влада се обврзавме дека ќе реализираме проекти за граѓаните. За жал, нешто што со децении било запоставувано не може да се реши преку ноќ, но се трудиме да ги реализираме приоритетите, да не создаваме нови проблеми и постепено да ги решаваме наследените предизвици, изјави Мицкоски.
Премиерот посочи дека еден од таквите предизвици е токму овој објект во Дебар, но и останатите проекти кои се реализираат во општината во соработка со локалната самоуправа и надлежните институции.
Тој се заблагодари на директорот и тимот кој работел на реализацијата на проектот, на градоначалникот на Дебар, членовите на Советот, општинската администрација, како и на вицепремиерот и министер за транспорт и останатите членови на Владата кои ги поддржуваат овие активности.
Мицкоски информираше дека низ државата во моментов има повеќе од 1.200 активни градилишта, оценувајќи дека тоа е доказ дека Македонија се гради.
-Планираме и следната година, преку децентрализација на средства од буџетот, дополнително да финансираме проекти во општините, додаде премиерот.
На крајот, тој им упати честитки на корисниците на становите и им посака многу убави моменти во нивните нови домови.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
360 степени: (Не)скриени актери во Македонија потпалуваат…
Повеќе интернет-портали и фејсбук-страници на македонски јазик…
Сиљановска: Убедени сме дека Македонија има многу…
Билатералните односи меѓу Македонија и Индија да…
Мицкоски за инвестициите во дата центри: Ние…
Се обидуваме да ја развиваме државата, да…
Димитровски: И да го смениме Уставот поради…
Заменик-министерот за надворешни работи, Зоран Димитровски, во…
Сиљановска-Давкова денес во Софија, на маргините билатерална…
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска во Софија ќе…