Мицкоски: Не мислам дека ќе се изгубат работни места, државата почна да наликува на Лас Вегас, има казино, до него брзи кредити, па заложувалница

t

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека со законот за игрите на среќа ќе се стави ред и дисциплина, а со цел државата да не наликува на Лас Вегас.

„Имаме чувство дека државата полека но сигурно наликуваше на Лас Вегас. Буквално на секој чекор гледавме дуќани во кои што со силни светлечки реклами се рекламира овој тип на игри на среќа, мислам на казината и коцкањето. И некако како по правило до нив имате канцеларија за брзи кредити. Па веднаш до нив имате заложувалница и така натаму. Тоа е некако еден систем кој што мораме да го регулираме и цениме дека претставува систем кој што за жал е причина за многу семејни и човечки несреќи. Со овој закон се регулира оваа дејност и повеќе нема да има таков тип реклами кои привлекуваат внимание. Во некои места дури и цели маала имаше по неколку казина. Со овој закон, свесни за последиците и можеби за фискалниот ефект, но ние цениме дека мора да се стави ред и дисциплина и не може државата да наликува на Лас Вегас“, рече Мицкоски.

Според него, законот бил подготвуван транспарентно.

„Не би се согласил со оваа констатација. Мислам дека беше транспарентен законот. Беа повикани да учествуваат во изработката сите засегнати страни. Нормално, не можеме да се усогласиме 100 процентно со тој бизнис, зошто ние го штитиме интересот на државата. Не мислам дека ќе има нелегални игри на среќа и не мислам дека ќе се изгубат работни места, едноставно, ќе има регулација“, додаде тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицкоски: Не мислам дека ќе се изгубат…

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека со законот…

Меџити: Казината се затвораат, на ред се…

Копретседателот на ВЛЕН, Изет Меџити, преку видео-порака…

СДСМ: Скопје се гуши, Мицкоски и неговите…

Скопје со денови е задушено во чад.…

Ќе побара ли Мицкоски одговорност од Претседателот…

Скопје е задушено во чад поради горењето…

Филипче: Граѓаните во Скопје се гушат, Мицкоски…

Скандалозна е изјавата на премиерот Мицкоски за…