Мицкоски откри: Фетаи заминува од Владата, планира да се врати во Брисел
Премиерот Христијан Мицкоски синоќа откри дека ќе има промени во Владата, споменувајќи го и вицепремиерот и претставник на ВЛЕН, Арбен Фетаи. Мицкоски рече дека имал личен разговор со него, при што го информирал дека во иднина повеќе нема да биде дел од извршната власт.
„Дефинитивно ќе има промени, тоа е факт – ќе има промени. Откако го споменавте вицепремиерот Фетаи, да, разговаравме лично, јас и тој и тој ми пренесе дека во иднина повеќе не се гледа во Владата што ја предводам“, изјави Мицкоски.
Според него, Фетаи изразил намера да се врати во Брисел, каде што, како што рече, може да го продолжи својот професионален ангажман во европските институции.
„Со оглед на неговото образование и искуство во Брисел, мислам дека тоа би можело да биде добра можност за него да се ангажира во рамките на бриселската администрација или во Европскиот парламент“, додаде Мицкоски, при што кажа овој разговор со Фетаи го имал пред неколку недели.
Премиерот нагласи дека во разговорите меѓу нив било оценето дека искуството на Фетаи треба да се искористи во корист на државата и европските институции.
Со признанието премиерот ја потврди инфомацијата на министерот за здравство, Азир Алиу, кој во интервју за „360“ пред некој ден откри дека вицепремиерот за добро владеење веќе еден месец на доаѓа на работа и на седници на владата и незнае дали е тука или негде отпатувал.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СДСМ: Скопје се гуши, Мицкоски и неговите…
Скопје со денови е задушено во чад.…
Ќе побара ли Мицкоски одговорност од Претседателот…
Скопје е задушено во чад поради горењето…
Филипче: Граѓаните во Скопје се гушат, Мицкоски…
Скандалозна е изјавата на премиерот Мицкоски за…
Се заваруваат сите шахти на трасата каде…
Сите шахти на трасата каде поминува Премиерот…
Мицкоски на родителите им барал да му…
Родителите на починатите деца во пожарот во…