Мицкоски побара лекарско уверение за Филипче
Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ги учеа колегите од СДСМ што треба да прашаат на седницата за пратенички прашања, а министрите продолжија со праксата тие да ги прашуваат пратениците од опозицијата наместо да одговараат на нивните прашања. Премиерот Христијан Мицкоски од собраниска говорница побара лекарско уверение за раководството на СДСМ, бидејќи лидерот Венко Филипче на прес-конференции ја лажел и манипулирал јавноста. На седницата за пратенички прашања во фокус беше и албанскиот јазик, но и Министерството за меѓуетнички односи.
Пратеникот Бојан Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ праша за став на премиерот за интервјуто на евроизвестителот Томас Вајц каде СДСМ било фатено во лага и за обвинувањата од опозицијата дека нема напредок за реформската агенда.
-Изјавите кои доаѓаат од СДСМ без разлика кој ги испраќа од раководството се збунувачки и чудни, се изјави и прес конференции кои немаат за цела да ја кажат вистината туку да направат сензација за да растурат пердуви. Во суштина тоа се изјави за ова раководство и по пораз на следни избори да остане раководство. Не им е цел да создадат конструктивна дебата туку да направат внатрешна мобилизација за да останат во живот и по следните избори кои ќе ги изгубат и да опстојуваат на политичка сцена. Тоа го прават методолошки преку лажење дека ќе дојдат мигранти дека државата ќе баанкротира… Нека не ве чудат нивните пресови велат ќе ја напуштат работнат група за Изборен законик, други велат ќе го напуштата Собаранието. Еве, го напуштија, има само двајца пратеници во салата. Советувам за политичарите кои се во органите на партиите да се побара лекарско уверение. Од СДСМ во периодот кој ќе следи комуникацијата ќе биде само со една цел – после поразот на парламентарните ибори да останат и да најдат алиби дека изборите не биле фер. Да не ве зачуди може и да не учествиваат на изборите. Но ние не може да им помогнеме, ние треба да се фокусираме на граѓаните – рече Мицкоски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СДСМ: Скопје се гуши, Мицкоски и неговите…
Скопје со денови е задушено во чад.…
Ќе побара ли Мицкоски одговорност од Претседателот…
Скопје е задушено во чад поради горењето…
Филипче: Граѓаните во Скопје се гушат, Мицкоски…
Скандалозна е изјавата на премиерот Мицкоски за…
Се заваруваат сите шахти на трасата каде…
Сите шахти на трасата каде поминува Премиерот…
Мицкоски на родителите им барал да му…
Родителите на починатите деца во пожарот во…