МОК добива нов претседател: Поднесена иницијатива за смена на Даниел Димевски!

t

Македонскиот олимписки комитет наскоро ќе добие нов претседател откако повеќе од половина членки се потпишаа на петицијата за смена на актуелниот прв човек Даниел Димевски.

„Во името на повеќе од половина членови на Собранието на Олимпискиот Комитет на Македонија, би сакал да Ве информирам дека официјално е поднесено барање за свикување Вонредно Собрание на Олимпискиот Комитет на Македонија.

Истото е поднесено согласно член 24, ставовите 3 и 4 од Законот за зруженија и фондации, и врз основа на член 29 став 3 од Статутот на Олимпискиот Комитет на Македонија.

На барањето на свикување на Вонредно Собрание на Олимпискиот Комитет на Македонија потпишани се 26 (дваесет и шест) федерации и 5 (пет) индивидулани членови од Собранието.

Барањето за свикување Вонредно Собрание кое после повеќе неуспешни обиди конечно на ден 09.01.2024 година е примено во архивата на Олимпискиот Комитет на Македонија ги содржи следните точки на Дневен ред:

1. Разрешување на Даниел Димевски, актуелен Претседател на Олимпискиот Комитет на Република Македонија
2. Избор на нов Претседател на Олимпискиот Комитет на Република Македонија
3. Разрешување на актуелниот состав на Управниот одбор на Олимпискиот Комитет на Македонија
4. Избор на нов состав на Управен одбор на Олимпискиот Комитет на Македонија
5. Разно“, се вели во соопштението од правниот застапник на членовите на Собранието на МОК за свикувањевонредно собрание.

Сегашниот прв човек на МОК е на функцијата од 29 октомври 2020 година и има петгодишен мандат, но досега повеќе пати беа изнесени критики и незадоволство од неговата работа. На функцијата тој го наследи Васил Тупурковски кој 28 години го водеше Олимпискиот комитет.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Метео: Видете какво ќе биде времето денес

Променливо облачно со повремени локални врнежи од…

Извештај на „Ал Мада“: Сценарија за американски…

Ирачкиот премиер Али ал Заиди им соопштил…

РУБИО СО ОСТРИ КРИТИКИ КОН ИРАН: Преговорите…

Американскиот државен секретар Марко Рубио упати остри…

АМЕРИКА ГО ПОДГОТВУВА ИЗРАЕЛ ЗА ТРЕТ БРАН…

Американската Централна команда (ЦЕНТКОМ) испратила порака до…

(Видео) ОГРОМЕН ПОЖАР ВО НАЈГОЛЕМОТО ГАСНО НАОЃАЛИШТЕ…

Силен пожар избувна вечерва во гасното наоѓалиште…