Мојсоска: Додека градоначалникот Ќура е на турнеја во САД, струшките села останаа без превоз и вода

t

Пратеничката од Левица, Јована Мојсоска со критики за работењето на Општина Струга, обвинувајќи дека додека градоначалникот Рамиз Мерко е на посета во САД, дел од струшките села се соочуваат со проблеми со основните услуги. Таа посочува дека ученици ја започнале учебната година без организиран превоз, додека за Октиси тврди дека околу 5.000 жители веќе два месеци се без вода, порачувајќи дека општината треба да се фокусира на решавање на елементарните потреби на граѓаните.

Додека трае турнејата во САД на струшкиот градоначалник Ќура, голем дел од струшките села се оставени без превоз и учениците школската година ја почнаа без превоз до училиште.

Не знам дали Ќура во САД бара модели за водоснабдување, пошо во 21 век 5.000 жители во с. Октиси се оставени без вода цели два месеци. Градоначалникот на Општина Струга наместо да изиграваат тело за меѓународни прошетки, не е лошо да почнат со решавање на основните и елементарните потреби на градот, напиша таа на својот Фејсбук профил.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мојсоска: Додека градоначалникот Ќура е на турнеја…

Пратеничката од Левица, Јована Мојсоска со критики…

Градоначалникот на Струга доби кривична – незаконски…

ОВР Струга поднесе кривична пријава против М.Ќ.(66)…

Стружанец лажел дека го грабнале бандити со…

32-годишен стружанец ќе одговара за лажно пријавување…

Полицаец малтретирал и навредувал малолетници во Струга

Полицаец малтретирал и навредувал малолетници во Струга,…

Гаши во Струга: Проширувањето на ЕУ е…

Проширувањето на Европската Унија претставува една од…