Стружанец лажел дека го грабнале бандити со пиштоли, сега ќе одговара
32-годишен стружанец ќе одговара за лажно пријавување откако, според полицијата, лажел дека го грабнале повеќемина киднапери, кои биле вооружени.
„ОВР Струга поднесе кривична пријава против К.Р.(32) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дел „лажно пријавување кривично дело“ по член 366 од Кривичниот законик. На 17.08.2026 во ОВР Струга, тој пријавил кривично дело „грабнување“ кое наводно му било извршено во Струга од повеќе лица и со закана со огнено оружје. По преземени мерки, полициските службеници утврдиле дека пријавениот лажно го пријавил кривичното дело, по што бил повикан на службен разговор и признал дека лажно пријавил кривично дело – се посочува во билтенот на ОВР Струга“, пишува во полициското соопштение.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мојсоска: Додека градоначалникот Ќура е на турнеја…
Пратеничката од Левица, Јована Мојсоска со критики…
Градоначалникот на Струга доби кривична – незаконски…
ОВР Струга поднесе кривична пријава против М.Ќ.(66)…
Стружанец лажел дека го грабнале бандити со…
32-годишен стружанец ќе одговара за лажно пријавување…
Полицаец малтретирал и навредувал малолетници во Струга
Полицаец малтретирал и навредувал малолетници во Струга,…
Гаши во Струга: Проширувањето на ЕУ е…
Проширувањето на Европската Унија претставува една од…