Мојсоска: Како секоја власт системски го стимулира насилството врз жените
Објава на Фејсбук на пратеничката од Левица, Јована Мојсоска:
– Низ бројки како секоја партија на власт системски го СТИМУЛИРА насилството врз жените.
Министерството за здравство ПЕТ ГОДИНИ не воспоставува кризни центри за долготрајна поддршка на жени кои биле силувани (иако има законска обврска од 2021 г.);
Недостасуваат 24 шелтери за жртви на семејно насилство, недостасуваат 8 советувалишта, а националната СОС линија се финансира со „трошки“ добиени од игри на среќа;
Недостасуваат 85% од креветите во шелтер центрите за сместување жртви;
Годишно за СИТЕ шелтер центри вкупно во Македонија се издвојуваат едвај 60.000 евра годишно (иако само за еден шелтер нормално да функционира потребни се 158.000 евра);
Упатни центри за жртви на силување има на клиниките само во ТРИ градови;
Жена која е вработена на минималец НЕМА ПРАВО на бесплатен адвокат (бесплатна правна помош следува само на невработени жени).
Во Македонија од 2020 до 2024 година имало 455 жртви(!) на сексуално насилство, од кои 90 проценти биле девојчиња. И покрај ваквата ужасна состојба, на денешниот настан каде беа презентирани овие податоци не присуствуваше ниту министерката за финансии КОЧОСКА, ниту министерот за социјала Фатмир ЛИМАНИ. – стои во објавата на Фејсбук.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мојсоска: Како секоја власт системски го стимулира…
Објава на Фејсбук на пратеничката од Левица,…
За 8 март дури осум пријави за…
На 08.03.2026 во 23:00 часот во Скопје,…
Лишен од слобода насилник кој ја нападнал…
Лишен од слобода насилник од охридско, во…
Илјадници жени денес излегуваат на улиците низ…
Под глобалното мото на Обединетите нации за…
Само 8 проценти од Ромките се вработени,…
Комисијата за спречување и заштита од дискриминација…