Намерно подметнат пожар кај депонијата во Ново Село се прошири во шумскиот појас

t

Пожарот што вчера околу 13:30 часот избувнал кај депонијата во Ново Село се проширил кон околните ридови и шумскиот појас. Според објавените информации, пожарот бил намерно предизвикан, а лицата кои фрлале запалив отпад се идентификувани и евидентирани. За случајот се води постапка во соработка со СВР Струмица.

Во гаснењето биле вклучени три авиони на Дирекцијата за заштита и спасување, пожарникари од ТППЕ Струмица, доброволци од ДПД „РИС-ОПЕРАТИВЦИ“ од Ново Село, ЈКП „Комуна“, вработени во општината, како и компанија која со камиони кипери носела земја на теренот.

Од струмичката противпожарна единица информирале дека огнот излегол од просторот на депонијата и зафатил околна вегетација, ридови и шумски делови. Гаснењето било отежнато поради високите температури, силниот ветер, сувата вегетација и големото количество отпад, кои овозможувале пожарот брзо да се шири.

Во текот на ноќта на терен останале три противпожарни возила со осум пожарникари-спасители, кои продолжиле со гаснењето на пожарот.

Од ТППЕ Струмица ги повикаа граѓаните да не се приближуваат до опожареното подрачје и да ги следат насоките на службите кои интервенираат на терен.

Според последните информации од Центарот за управување со кризи, пожарот кај Ново Село зафатил дел од депонијата, мешана деградирана шума и ниска вегетација.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Намерно подметнат пожар кај депонијата во Ново…

Пожарот што вчера околу 13:30 часот избувнал…

Израел oбјави мапа како доказ дека Турција…

Израелското Министерство за надворешни работи повторно ги…

Британец со деменција по 25 години живеење…

На 74-годишниот Британец Хорас Мејсон, кој повеќе…

„Пет недели граѓаните на Гостивар се без…

Пет недели по избивањето на кризата со…

„Пулс“ без противпожарна заштита и со над…

Судењето за трагичниот пожар во кочанската дискотека…