Објавено на:

На Прешево-Табановце запленети златници и накит вредни 12.780 евра

t

Српските цариници и полицијата на 14 јули на граничниот премин Прешево-Табановце со Македонија и на Аеродромот „Констатин Велики“ во Ниш спречија два обида на патници преку границата без пријавување да пренесат дукати-турски златници и златен накит, со вкупна вредност од еден и пол милион динари (12.780 евра), јави дописникот на МИА од Белград.

Првиот прекршок е откриен на излезната страна на преминот Прешево, каде во автомобил „Фолксваген артеон“ со германски регистарски таблички, во кој од правец на Македонија кон Германија патувале двајца мажи, под седиштето на сопатникот е пронајдена кутија со 22 златници-турски лири (дукати), чија вредност е проценета на нешто повеќе од милион динари (8.520 евра).

-Иако изјавиле дека немаат ништо да пријават, цариникот во преградата за документи под совозачкото седиште пронашол кутија со вкупно 22 златници -турски лири, чија вредност се проценува на нешто повеќе од еден милион динари, соопшти српската Царина.

Сличен случај е евидентиран истиот ден на преминот Аеродром „Константин Велики“, каде во рачниот багаж на патничка која пристигнала со лет од Базел е откриен непријавен златен накит.

-Иако во разговорот со цариникот дополнително потврдила дека нема што да пријави, во нејзината чанта биле пронајдени масивно златно ланче, нараквици, прстени и обетки чија вредност се проценува на околу 400.000 динари. (МИА)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Велика Британија купува 12 борбени авиони што…

Британската влада најави дека ќе набави 12…

Меџити: Вработувањата на Албанците станаа законска обврска…

Вработувањата на Албанците станаа законска обврска за…

Перо Антиќ откри: Панчо ќе направи концерт…

Поранешниот кошаркар Перо Антиќ, гостувајќи во поткастот…

(Видео) Јазикот ќе ја одредува етничката припадност,…

Законот за правична застапеност, како механизам за…

Како „испарија“ 68.000 Македонци од пазарот на…

Од 2017 до 2024 година, власта постојано…