НЕВИДЕН СКАНДАЛ ВО РОМАНИЈА: Речиси половина од вработените во државна компанија се роднини, долговите надминаа 560 милиони евра
Невиден скандал ја потресува романската престолнина Букурешт, откако беше откриено дека речиси половина од вработените во градското транспортно претпријатие СТБ (Societatea de Transport București) се во роднински врски, додека компанијата се соочува со огромни долгови и опасност од банкрот.
Според податоците што ги објави судскиот управник Ремус Борза, од вкупно 10.137 вработени, дури 4.876 имаат роднински врски со други лица во компанијата, а 1.428 се сопружници.
Особено шокантно е откритието дека во претпријатието работат повеќе од 30 семејства со над десет вработени членови, додека едно семејство има дури 20 членови на платниот список.
„СТБ е семејна компанија. Не би сакал да ја наречам компанија на кланови, бидејќи повторно ќе бидам погрешно протолкуван“, изјави Борза на прес-конференција во градското собрание на Букурешт.
Дополнителни сомнежи за непотизам отвора информацијата дека претходниот колективен договор предвидувал предност при вработување за лица кои веќе имаат роднини во претпријатието.
Но, семејните врски се само дел од проблемите во компанијата која управува со автобускиот, тролејбускиот и трамвајскиот превоз во романската престолнина.
Според официјалните информации, долговите на СТБ надминале три милијарди романски леи, односно приближно 590 милиони евра, додека загубите за првите десет месеци од 2026 година достигнале 765 милиони леи.
Финансиските податоци покажуваат дека трошоците за плати претставуваат огромен товар за претпријатието. Според судскиот управник, годишните расходи за вработените достигнуваат 1,2 милијарди леи.
Романските медиуми откриваат и дека одредени возачи во текот на летото заработувале до 18.000 леи нето месечно, што претставува приближно 3.500 евра.
Во меѓувреме, судскиот управник изнесе и сериозни обвинувања за неправилности во работењето, меѓу кои сомнежи за кражби на гориво, злоупотреби на боледувања и дисциплински прекршоци.
Според Борза, дел од вработените користеле боледувања без реална медицинска основа, а истовремено работеле за други компании. Тој најави дека ваквите практики повеќе нема да се толерираат.
Поради тешката финансиска состојба, компанијата веќе започна масовна реорганизација.
На 11 ноември биле доставени 796 известувања за отпуштање, а предвидено е укинување и на дополнителни 919 непополнети работни места. По завршувањето на реорганизацијата, систематизацијата треба да содржи 8.428 работни места.
Градоначалникот на Букурешт, Чипријан Чуку, оцени дека финансиската состојба на претпријатието е резултат на долгогодишни проблеми во управувањето, посочувајќи дека синдикатите и политизираниот менаџмент во минатото биле дел од проблемот.
Тој најави мерки за спасување на компанијата од банкрот, нагласувајќи дека постапката за несолвентност нема да го прекине јавниот превоз во романската престолнина.
Случајот отвори сериозни прашања за непотизмот, политичките влијанија, финансиската контрола и начинот на кој се управува со јавните претпријатија во Романија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
НЕВИДЕН СКАНДАЛ ВО РОМАНИЈА: Речиси половина од…
Невиден скандал ја потресува романската престолнина Букурешт,…
Жена од Пехчево нападната од својот сопруг,…
На 18.11.2026 во 01:30 часот во Пехчево,…
Разбиена крајнодесничарска група во Пловдив која се…
Бугарската полиција приведе 11 лица, меѓу кои…
„Нашата загуба никому не му значи ништо,…
„Нашата загуба никој не ја вреднува, на…
Посетителите евакуирани, врие полицијци и пожарникари: Пожар…
Пожар вечерва избувнал во подземниот паркинг на…