Недела – неработен ден: Државниот инспекторат за труд со дежурства во недела, повикува да се пријавуваат неправилности

t

ржавниот инспекторат за труд (ДИТ) најави дека со влегувањето во сила на законските измени и дополнувања на Законот за работни односи за недела неработен ден, од денеска ќе воспостави дежурства во недела по региони на кои работниците можат да пријават доколку им се прекршени правата во врска со работата во недела.

„Се известуваат сите работодавачи дека од 01.01.2022 година влегуваат во сила измените и дополнувањата на Законот за работните односи (Сл. Весник на РСМ бр.288/2021) со кои во член 134 став 2 е регулирано дека „ден на неделен одмор е недела“,
потсетуваат од Инспекторатот.

Од Инспекторатот посочуваат дека пред започнување со работа во недела, работодавачите се должни да го известат Државниот инспекторат на труд на пропишан образец-известување за вршење работа во недела кој може да се најде на интернет-страницата на Државниот инспекторат за труд.

„Ги охрабруваме сите работници на кои ќе им бидат прекршени нивните права во врска со работата во недела, спротивно на законските прописи, да пријават во Државниот инспекторат за труд“,
се наведува во соопштението од Инспекторатот.

Пријавувањето може да го направат на интернет-страницата на ДИТ анонимно или како пријава од познат подносител, со поднесување на пријава во архивите на подрачните одделенија и во централата на ДИТ, преку кол-центарот повикувајќи го бројот 15131 и во недела почнувајќи од 2 јануари 2022 година од 8.30 до 16.30 часот на дежурните инспектори по региони.

„Со ова известување Државниот инспекторат за труд сака уште еднаш да нагласи дека при инспекциските надзори приоритет ќе биде доследната примена на овие законски норми, а со цел заштита на правата на работниците“,
стои во соопштението од Државен инспекторат за труд.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Член на комисијата потврди: Бугарските историчари инсистираат…

Не работиме на утврдување на статусот на…

(Во живо) Отварање на бугарскиот културно-информативен центар…

Следете го во живо отварањето на новиот…

Добро утро со Инфомакс: Денешните историски докажувања…

Ѓорче Петров е македонски професор, публицист, историчар,…

Зајкова: Државава нема друга алтернатива освен ЕУ

Немаме веќе ниту време, ниту генерации за…

Добро утро со Инфомакс: Ќе ја оставиме…

На тројца комити, еден кодош, или во…