Нелегалните платформи на Матка сè уште никој не ги допира – Градоначалникот Блерим има нови изговори

t

Кога ќе заврши периодот предвиден за жалбени постапки на сопствениците кои изградиле дивоградба во Сарај и Матка, тие ќе бидат срушени. Ова денеска го соопшти градоначалникот на Сарај, Блерим Беџети. Колку време ќе биде тоа вели дека не знае, за секој предмет е различно, но уверува дека во општинската каса имало доволно пари да организира рушење на бесправно изградени објекти, особено во заштитени локалитети.

„Ние и досега сме рушеле и ќе рушиме“, рече Беџети.

Точно колку дивоградби има во Сарај градоначалникот вели дека не знае, бидејќи сè уште се решаваат предметите за легализација на граѓаните кои до општината доставиле проект. Дивоградбите во Сарај и платформите во локалитетот Матка се проблем за кој одговорноста со години се префрла на релација – општина Сарај – Град Скопје – Министерство за животна средина.

Додека институциите си ја префрлаат топката, едно од најубавите места во Скопје познато по природните убавини од ден на ден сè повеќе е злоупотребувано од несовесни граѓани и за бизнис-интереси.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Инспектори затекле запалена дива депонија во Сарај

Денес инспекцијата за животна средина на Град…

Претрес во дом во Сарај – пронајдени…

Педесетгодишен маж од Сарај вчера бил приведен…

Момче со нож ја нападнал поранешната малолетна…

Малолетна девојка од скопското село Бојане на…

Се степале двајца вработени во основно училиште…

Во СВР Скопје вчера било пријавено дека…

20-годишно момче избодено со нож во парк…

Момче од скопското село Крушопек вчера било…