Арсовска: По 30 години 7 населени места со повеќе од 11.000 жители во Сарај добиваат квалитетно водоснабдување!

t

По 3 децении 7 населени места со повеќе од 11.000 жители во општина Сарај добиваат квалитетно водоснабдување, истакна денеска од Сарај градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска.

– Со градоначалникот на Општина Сарај, Блерим Беџети, денеска извршивме увид на градежните активности и го промовиравме проектот за подобрување на системот на водоснабдување на 7 населени места Рашче, Копаница, Бојане, Буковиќ, Ласкарце, Семениште и Чајлане, во општина Сарај, напиша Арсовска.

Реализацијата на овој значаен инфраструктурен проект е со цел подобрување на водоснабдувањето во градот и решавањето на проблемите со водоводната мрежа, што е еден од приоритетите во реализацијата на програмата „За модерно Скопје“. Се грижиме за сите граѓани подеднакво и инвестираме во обезбедување на квалитетни услови за живот во секоја општина и населено место во градот. По 3 децении се реализира ветеното водоснабдување на 7-те населени места за повеќе од 11.000 жители, а жителите на општина Сарај добиваат поквалитетно водоснабдување.

Градежните активности на терен опфаќаат изградба на нова препумпна станица во близина на Рашче, потисни цевководи кон Копаница и Бојане, како и изградба на нов резервоар во Копаница со капацитет од 600 кубни метри. Значајно е да се нагласи дека Град Скопје во изминатиот период реализираше низа инфраструктурни активности во општина Сарај за подобрувањето на условите на живот на жителите на општината. Во рамките на овие активности, реконструиран беше Спортскиот Центар Сарај и обновени спортските терени, реконстуирана е водоводната мрежа во населеното место Бојане и подобрено е водоснабдувањето во Горно Свиларе.

Град Скопје продолжува со реализација на проекти, за реконструкција на патот кон Матка, на изградба на нова водоводна мрежа во Матка и на уредување на нов мега парк од над 30.000 метри квадратни, истакна Арсовска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

НОВО УБИСТВО: Жена пронајдена мртва со прострелна…

Јавен обвинител Основното јавно обвинителство Скопје и…

Уапсен 19 годишник за убиство на 18…

Лишен од слобода 19-годишник од Бојане кој…

Над 30 домаќинства се погодени од поплавите…

Директорот на Центар за управување со кризи,…

Поплави во Сарај, активирани се сите надлежни…

По обилните врнежи од дожд, во Општина…

Групна тепачка во Сарај меѓу повеќе лица

Групна тепачка во Сарај меѓу повеќе лица,…