Нема изгорени населени куќи во прилепско Чаниште, вели Ангелов

t

Во прилепското село Чаниште не е изгорена ниту една населена куќа, вечерва сите жители ќе спијат во своите куќи, вели директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.

„Изгорени се неколку стари напуштени куќи или куќи во кои сопствениците престојувале повремено. Нема повредени лица“, рече Ангелов.

Претходно, ДЗС соопшти дека пожарот што избувна попладнево во близина на прилепското село Чаниште, се прошири и навлезе во делови од него и притоа, според првичните информации изгореле неколку стари куќи и една во која живееле повозрасни лица.

Од таму посочија и дека се сомневаат дека пожарот е продметнат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нема изгорени населени куќи во прилепско Чаниште,…

Во прилепското село Чаниште не е изгорена…

НАТО тврди дека го следи развојот на…

НАТО „внимателно ги следи руските воени активности,…

Премиер лигата ќе дозволи аудиоснимки од разговорите…

Премиерлигата за првпат оваа сезона ќе дозволи…

Топлотниот бран и сушата го уништија европското…

Серија интензивни топлотни бранови и суша што…

Од септември уште две училишта во Кавадарци…

Започнува наставата во една смена во основните…