Неофицијално: Приведена раководителката на УЈП Скопје и десетина вработени – Акција на ОЈО ГОКК

t

Од попладнево под раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК, истражители од ОЈО ГОКК, со асистенција на полициски службеници од МВР вршат претреси на повеќе локации во државава и се обезбедуваат лица осомничени за злосторничко здружување, перење пари, даночна измама и даночно затајување од поголеми размери, соопштија од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

Според информациите на Инфомакс, кои ОЈО ГОКК до овој момент не ги повтрдува, приведени се раководителката на Управата за јавни приходи во Скопје, како и десетина вработени во институцијата.

Од ОЈО ГОКК, сепак потврдуваат дека меѓу приведените во акцијата има и вработени во УЈП, но детали најавија за подоцна во текот на денешниот ден.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во домот на 27-годишен стружанец пронајдени 174…

ОВР Струга поднесе кривична пријава против Д.Р.…

Уапсен е еден од најбараните бегалци во…

Шведскиот државјанин Али Намдар, клучна фигура во…

Савески: Еден обвинител работи за тројца, но…

Недостигот на јавни обвинители, несоодветните просторни услови…

„Сум бил свиња и сакал да ме…

Премиерот Мицкоски денес одговарајќи на новинарско прашање…

(Видео) „Снимам, не правам ништо лошо“ –…

Новинарката Гергана Петрова е уапсена за време…