Нови цени на горивата: Дизелот поевтинува за 4,50 денари, бензините поскапи за еден денар

t

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,06% во однос на одлуката од 21.9.2026 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување и тоа во просек: кај бензините за 0,049%, кај дизелот има намалување за 6,734%, кај екстра лесното масло исто има намалување и тоа за 4,936% и кај мазутот намалувањето е за 1,630%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,9522%.

Во Одлуката на РКЕ е применета владината одлука за намалениот износ на ДДВ за нафтениот дериват ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) во износ од 10% и е применет намален износ на акцизата од 4,00 ден/лит кај бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и кај ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V).

Од 29.9.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 100,00 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 102,00 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 100,00 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 111,50 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 49,882 (денари/килограм)

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 1,00 ден/лит.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 4,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за 3,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,196 ден/кг и сега ќе изнесува 49,882 ден/кг.

-Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 29.9.2026 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени, велат од Регулаторна.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Поскапуваат бензините, поевтинува дизелот од полноќ

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и…

Дизелот поевтинува за 6,5 денари, бензинот поскапува…

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе нова…

Мицкоски: Имаме најниски цени на бензините, жители…

Премиерот Христијан Мицкоски посочи дека вчерашната одлука…

Речиси 87 отсто од нафтените деривати ги…

Околу 87% од нафтените деривати минатата година…

Владата ги продолжи мерките за горивата до…

Владата на денешната седница, разгледувајќи ја актуелната…