Нов инцидент во Германија: две лица се обидоа да запалат две одбранбени компании во Минхен
38-годишен маж и 28-годишна жена беа уапсени во Минхен под сомнение дека се обиделе да направат пожар пред седиштето на две одбранбени компании во текот на ноќта. Цели на нападите беа технолошката група „Rohde & Schwarz“ и германскиот производител на дронови „Helsing“. Според првичните информации, штетата била минимална, објавува „Euronews“.
Полицијата била повикана околу полноќ од сведок кој видел некој како фрла запаливи направи од автомобил во движење врз градилиште. Истражителите велат дека две од направите се запалиле.
Полициска патрола која брзо пристигнала на местото го изгаснала пожарот, а е евидентирана само мала материјална штета. Кратко по инцидентот, полицијата уапсила двајца осомничени. Според информациите од германскиот јавен сервис „Bayerischer Rundfunк“, тие се бугарски државјани.
Компанијата „Rohde & Schwarz“ произведува безбедносна и комуникациска технологија за владини служби и војската, додека „Helsing“ произведува дронови за воени операции. Детали за мотивот и позадината на нападот засега не се познати.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нов инцидент во Германија: две лица се…
38-годишен маж и 28-годишна жена беа уапсени…
Путин: Постои шанса за мировен договор
Рускиот претседател Владимир Путин денес изјави дека…
Започнува реконструкцијата на Граничниот премин Делчево
Започнува реализацијата на проектот за реконструкција и…
Николоски: Градскиот воз стана нов, побрз и…
Изминатава година интензивно работевеме на воведување на…
Израел му се закани на Иран: Ако…
Евентуален ирански напад врз Израел би ги…