Обид за убиcтво во Струмица, уапсeн 33 годишник

t

Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за општ и насилен криминал во координација со полициски службеници Одделението за внатрешни работи Струмица по преземени мерки и активности во текот на вчерашниот ден го лишија од слобода Ф.Д.(33) од Струмица, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело обид за убиство. Имено, на 24.12.2021 во СВР Струмица било пријавено дека во ЈЗУ Општа болница Струмица со тешки телесни повреди од тврд предмет бил донесен М.О.(56) од село Нова маала, општина Василево. Од преземените активности од страна на полициските службеници било утврдено дека на критичниот датум осомничениот во домот на М.О. го извршил кривичното дело. Денеска (01.01.2022) СВР Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица поднесе кривична пријава против Ф.Д., по член 123, во врска со член 19 од Кривичниот законик и во текот на денот ќе биде изведен пред судија на претходна постапка од Основен суд Струмица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Се огласи Албанецот осомничен за убиството на…

Артан Хајризи негираше дека е вмешан во…

Погребан матичниот лекар Ацо Трпковски, нема осомничени…

67 годишниот Ацо Трпковски – матичен лекар…

УБИЕНОТО ДЕТЕ ВО ПРИЛЕП ИМА САМО 14…

Момче на 14 годишна возраст синоќа околу…

Српската полиција на нозе, се контролираат сите…

Веста за бруталното убиство на Вања не…

Издадена меѓународна потерница за Љупчо Палевски, осомничен…

Министерството за внатрешни работи издаде меѓународна потерница…