Српската полиција на нозе, се контролираат сите гранични премини, се трага по убиецот на Вања

t

Веста за бруталното убиство на Вања не ја потресе само Македонија, туку и целиот Балкан.

Медиумите ширум балканските земји, не престануваат да известуваат за случајот, а во текот на вчерашниот ден, српски Информер.рс. објави дека, според неофицијални информации, се зајакнува надзорот на граничните премини со Србија, со цел пронаоѓање на убиецот на Вања.

„ Во меѓувреме, според неофицијални информации на Информер, претставници на македонската полиција го контактирале Министерството за внатрешни работи во Србија и споделиле информации за избеганиот осомничен маж.

Наводно, се зајакнува надзорот на сите гранични премини на Србија, особено оние на границата со Северна Македонија„ пишува српскиот медиум. 

Во меѓувреме, откако македонските власти објавија дека осомничениот бил во Бугарија, се огласија од бугарското МВР, од каде истакнаа дека нема податоци дека осомничениот се наоѓа на бугарска територија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Израел уби висок генерал на либанската армија

Израелската војска тврди дека возилото влегло во…

Хорор во Црна Гора: Косовски државјанин ја…

Башким Гаши (46), косовски државјанин, е уапсен…

Телото најдено во буре е на српскиот…

Институтот за судска медицина „Милован Миловановиќ“ до…

Апелација ја укина затворската казна за убиството…

Апелацискиот суд ја преиначи првостепената пресуда за…

(Видео) Тинејџери убија три лица во џамија…

Двајца тинејџери напаѓачи смртно застрелаа тројца мажи…