Огромен дисбаланс на енергија забележан на Сатурн – што тоа значи за Земјата

t

Научниците открија дека на Сатурн во тек е огромна сезонска енергетска нерамнотежа. Откритието претставува пресвртница во нашето разбирање за времето и климата на планетите, гасните џинови, нивната долгорочна еволуција и промените што се во тек, пишува „Саенс алерт“ (Science Alert).

„Ова е првпат глобалната енергетска нерамнотежа во сезонски размери да биде забележана на гасниот гигант. Не само што ова ни дава нов увид во формирањето и еволуцијата на планетите, туку го менува и начинот на кој треба да размислуваме за планетарната и атмосферската наука“, вели физичарот Лиминг Ли од „Универзитетот во Хјустон“.

Силната светлина на Сонцето што струи низ Сончевиот систем продира во сè што ќе погоди со својата енергија секаде. Планетите може да изгубат енергија со ладење или со топлотно зрачење…

Во случајот на гасните џиновски планети, вклучувајќи го и Сатурн, постои и извор на енергија длабоко во планетата, кој влијае на климата.

Како научниците дошле до сознанието?
Тим предводен од ескпертот за атмосферските феномени, научникот Шинјуе Ванг од „Универзитетот во Хјустон“, ги проучувал податоците од леталото „Касини“ за Сатурн за да ја испита неговата светлосна енергија кога забележале нешто интересно. Разликата помеѓу количината на енергија што ја апсорбира во споредба со количината на енергија што ја емитира може да варира до 16 отсто, со флуктуации кои се усогласени со годишните времиња на планетата.

Ова откритие, како што утврдиле истражувачите со внимателен преглед, има врска со тоа – колку Сатурн е оддалечен од Сонцето во одреден момент. Орбитата на Сатурн не е совршено кружна; всушност е елипсовидна – својство наречено ексцентрицитет – што доведува до варијација на растојанието од речиси 20 отсто во однос на оддалеченоста од Сонцето.

Кога е поблиску, Сатурн добива многу повеќе зрачење од Сонцето отколку кога е поодалечен, што резултира со сезонски енергетски дисбаланс. Ова е сосема различно од начинот на кој функционира Земјата; неговата орбита е повеќе кружна, така што ние не го доживуваме истиот стрмен контраст.

Во сегашните модели и теории за атмосферата, климата и еволуцијата на гасните гиганти, се претпоставува дека глобалното енергетско ниво е избалансирано. Но, ние веруваме дека нашето откритие на оваа сезонска нерамнотежа на енергијата бара преиспитување на тие модели и теории“, објаснува Ванг.

Ова може да значи дека неурамнотежената енергија на Сатурн би можела да игра досега непрепознаена улога во создавањето огромни, конвективни бури кои продираат длабоко во атмосферата, и дека слични процеси може да бидат во игра и на другите гасни гиганти, како Јупитер, чија ексцентричност е само малку изразена од Сатурн.

Исто така, ова откритие може да им помогне на научниците малку подобро да ги разберат временските прилика на Земјата, каде што енергетскиот дисбаланс е мошне помалку значаен, но сепак, не е без влијание.

Нерамнотежа на другите планети
Планетите како Нептун и Уран се недоволно испитани во однос на внатрешноста и случувањата во однос на надворешноста, и сè уште се мистерија за нас луѓето.

„Нашите податоци сугерираат дека овие планети исто така ќе имаат значителни енергетски нерамнотежи, особено Уран, за кој предвидуваме дека ќе има најсилна нерамнотежа поради својот ексцентрицитет на орбитата и многу поголемо навалување. Она што го истражуваме сега, ќе ги идентификува ограничувањата во тековните набљудувања и ќе формулира испитливи хипотези кои ќе ѝ користат на таа идна водечка мисија“, вели Ванг.

Истражувањето е објавено во магазинот „Нејчр комуникејшнс“ (Nature Communications).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Драма во целиот свет: Microsoft со глобален…

Компаниите во светот се соочуваат со проблеми…

(Видео) Фатен крадец во скопската Чаршија

Деновиве во скопската чаршија се случиле неколку…

Целосно е изгаснат пожарот на Пелистер

Пожарот кај Битола на Пелистер е целосно…

Зголемено присуство на Ковид-19 во Грција

Тренд на зголемување на заразените, хоспитализираните и…

Заплена на кокаин вреден милион евра во…

Во акцијата на полицијата и обвинителството запленети…