Одржан 51 „Марш за ангелите“ во Кочани: „Родители, каде сте да марширате со нас?“

t

Во Кочани денеска, 14 ноември 2026 година, се одржа 51. по ред „Марш за ангелите“, организиран од семејствата на загинатите во пожарот во дискотеката „Пулс“ и Здружението на граѓани „16 март 2025“.

Родителите на починатите во пожарот во „Пулс“ како што рекоа, 51 пат по ред маршираат со истата болка, со истата празнина во срцата и со истото барање – вистина, одговорност и правда. Нагласија дека денеска не чекорат само за нивните 63 ангели, туку и за сите невини жртви од трагедиите од кои Македонија е завиена во црно. И потенцираа, Ласкарци – 16 изгубени животи, модолуарна болница во Тетово – 14 згаснати животи, „Беса транс“ – 45 човечки животи, „Пулс“ во Кочани – 63 изгубени животи.

Собирот започна во 16:05 часот во Паркот на Револуцијата под мотото „Уште колку животи треба да згаснат за нешто да се преземе?“, по што учесниците се упатија кон Основниот суд во Кочани. Оттаму, претставниците на семејствата, меѓу кои и родителот Драги Стојанов, упатија директен апел за поголема солидарност и масовност до останатите родители и сограѓани: „Родители, каде сте да марширате со нас?“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Одржан 51 „Марш за ангелите“ во Кочани:…

Во Кочани денеска, 14 ноември 2026 година,…

Семејствата на загинатите во Кочани повикуваат на…

Со цел споменот на 63-те загинати во…

Работна средба во Општина Делчево за проектирањето…

Во просториите на Општина Делчево се одржа…

Родителите на загинатите: Ако надлежните навреме постапеле…

Адвокатот Петре Шилегов повторно бара Јавното обвинителство…

Израелски хирурзи повторно дојдоа во Македонија за…

Израелските хирурзи од Шеба повторно во Македонија…