Од денеска до понеделник целосно се затвора сообраќајниот влез во Битола од Ресен
Од утрово во 7 часот и во наредните три денови до понеделник, во целост ќе биде затворен западниот сообраќаен влез во Битола, односно од Ресен и Охрид.
Од Општина Битола соопштија дека затворањето на сообраќајот е заради реализација на завршната фаза од проектот за реконструкција на коловоз на улицата „Довлеџик“ и токму затоа сообраќајот ќе биде пренасочен по обиколницата над градот, односно за доаѓање во Битола ќе се користи северниот влез, од страната на Прилеп.
Според динамиката за реализација на договорот за реконструкција на сообраќајницата, од денеска, 27 мај, потоа на 28 и 29 мај, ќе се врши асфалтирање на улицата „Довлеџик“ до мостот на реката Драгор. Улицата ќе биде целосно затворена за сообраќај од 07.00 часот утрово, се до 08.00 часот во понеделник, 30 мај.
Во деновите додека трае асфалтирањето на улицата, сообраќајот ќе се одвива преку обиколницата за што се поставени сообраќајни знаци, информира Општина Битола.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Работник Ром го пријавил шефот Албанец дека…
Комисијата за спречување и заштита од дискриминација…
Во Хрватска е уапсен е градежен работник…
Хрватската полиција поднесе кривична пријава против 54-годишен…
360 степени: (Не)скриени актери во Македонија потпалуваат…
Повеќе интернет-портали и фејсбук-страници на македонски јазик…
Сиљановска: Убедени сме дека Македонија има многу…
Билатералните односи меѓу Македонија и Индија да…
Мицкоски за инвестициите во дата центри: Ние…
Се обидуваме да ја развиваме државата, да…