Орбан одлучи: Странците ќе плаќаат поскапо гориво од Унгарците
Унгарската влада одлучи дека од овој петок само Унгарците ќе можат да купуваат гориво по намалена цена, а автомобилите со странски регистарски таблички по пазарната цена.
Гергели Гуљас, шеф на кабинетот на премиерот Виктор Орбан изјави дека со оглед на тоа што цената на горивото во Унгарија е најниска во Европа, „бензинскиот туризам“ процвета по должина на границата, со што на земјата и се заканува недостиг.
„Странските купувачи го користат фактот што Унгарија може да ја одржи цената на горивото на 480 форинти (околу 1,23 евра), а во Европа е 700-900 форинти (од 1,79 до 2.30 евра)“, рече тој на прес-конференција.
За да се спречат овие злоупотреби, само автомобилите со унгарски регистрации ќе можат да купуваат гориво по 480 форинти за литар. Другите ќе ја платат пазарната цена, додаде Гуљас.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бака ја прифати номинацијата за претседател на…
Андраш Бака (73) ја прифати номинацијата на…
Маѓар повика на штедење електрична енергија во…
Унгарскиот премиер Петер Маѓар упати апел до…
Унгарија ја затвора вратата за Русија
Унгарија се обидува да ги обнови односите…
Унгарискиот парламент изгласа разрешување на претседателот, ќе…
Унгарскиот парламент гласаше за уставен амандман што…
Унгарија се приклучи на Европското јавно обвинителство
Европската комисија го одобри барањето на Унгарија…