Објавено на:

Судијата што се спротивстави на Орбан е нов претседател на Унгарија

t

Важи за еден од најценетите унгарски правници, а неговото назначување се смета за симболичен раскин со досегашниот политички поредок. Унгарскиот парламент го избра поранешниот претседател на Врховниот суд, Андраш Бакa, за нов претседател на земјата, пишува Ројтерс.

Бака беше избран на оваа претежно церемонијална позиција со гласовите на владејачката десничарска партија Тиса. Пратениците од опозициската партија Фидес не гласаа.

Неговиот мандат претставува симболичен чекор во напорите на премиерот Петер Маѓар да ги демонтира упориштата на моќта на поранешниот премиер Виктор Орбан, пишува Ројтерс.

„Дојче Веле“ додава и дека Бака е судијата што успешно се спротивставил на реформите на Виктор Орбан пред Европскиот суд за човекови права. Тој беше разрешен од функцијата претседател на Врховниот суд за време на владеењето на Виктор Орбан, а подоцна успешно ја доби правната битка против унгарската држава.

Новиот унгарски премиер Петер Маѓар и пратеничката група на неговата партија Тиса јавно нагласуваат дека не сакаат функцијата претседател да ја извршува партиски политичар. Затоа номинацијата на Бака се смета и за силен аргумент против обвинувањата дека Маѓар има намера да воспостави самоволно владеење или да создаде „режим на Орбан 2.0″.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Унгарија отвори дел од архивите на комунистичката…

Унгарија објави дел од достапните податоци од…

Унгарија најави откажување од руските енергенси до…

Унгарија планира да се откаже од руските…

Маѓар продолжува со чистката во Унгарија: Се…

Унгарската владејачка партија „Тиса“ ќе го поддржи…

Приведен поранешниот гувернер на унгарската централна банка,…

Поранешниот гувернер на Унгарската централна банка, Ѓерѓ…

Маѓар: Неприфатливо е никој да не биде…

Премиерот на Унгарија, Петер Маѓар, денес изјави…